СРПСКАТА КОМЕДИЈА „ВЕЧЕРВА СМЕ САМИ“ НА 26 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската комедија „Вечерва сме сами“ ќе гостува во Националната опера и балет на 26 април од 20 часот. Во претставата играат Семир Гичиќ и Наташа Аксентијевиќ.

„Ова е динамична и духовита претстава која на забавен начин ја прикажува комплексноста на љубовните односи. Преку препознатливи животни ситуации, неочекувани пресврти и духовити дијалози, публиката ќе ужива во приказна што ќе ја насмее. Претставата носи приказна за двајца луѓе чии односи се нишаат помеѓу страсна љубов и судири“, вели организаторот „Прагма продукција“.

Билетите се во продажба преку мрежата на Купи карта.