СТОРМИ ДАНИЕЛС ЅВЕЗДА НА САЕМОТ НА ЕРОТИКА ВО БЕРЛИН

Берлин, (АП)

Сторми Даниелс, поранешната порно-актерка која тврди дека во 2006 година имала сексуален однос со американскиот претседател Доналд Трамп и дека била платена од неговите адвокати за да молчи, го отвори Саемот на еротика во Берлин.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, ја пресече црвената лента и замина без да даде коментар.

Даниелс неодамна ги објави мемоарите насловени „Целосно разоткривање“, со детали од нејзиниот живот и за правните битки со Трамп.