СУПЕРМОДЕЛОТ ЏИЏИ ХАДИД Е БРЕМЕНА СО ПРВОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (АП)

Супермоделот Џиџи Хадид потврди дека е бремена и го очекува првото дете со момчето Зејн Малик, поранешниот член на групата „Уан дајрекшн“.

„Пресреќни сме, возбудени и благодарни за сите честитки и поддршка“, кажа таа во видеоклип за „Вечерното шоу“ на Џими Фелон, откако претходно холивудските медиуми шпекулираа дека е бремена.

Нејзината мајка Јоланда Хадид за холандски медиум кажа дека Џиџи треба да се породи во септември.

Дваесет и петгодишната Хадид и Малик (27) веќе неколку години се во врска, раскинуваат и се смируваат. Таа е една од најбараните манекенки, а Малик откако ја напушти групата, почна соло кариера.