Следната форма на уметничка креација од оскаровецот Квентин Тарантинo е книгa. Тој потпиша договор со „Харпер“ за две книги, од кои едната е книжевна форма на неговиот последен филм „Беше еднаш во… Холивуд“, која треба да излезе следното лето.
„Таа прво ќе излезе во форма на старите евтини романи во мек повез, нему омилени и ќе понуди нов, разигран и шокантен крај, за разлика од филмот“, вели издавачот.
Филмот излезе лани и од десетте номинации за оскар, освои два.
Втората книга на Тарантино, насловена „Cinema Speculation”, ќе биде белетристика и издавачот ја опишува како „длабоко нурнување во филмовите од 1970-ите, што делумно се потпира врз воодушевувањето на режисерот од покојната критичарка на ‘Њујоркер’, Полин Каел“. Засега не е познат датум на објавувањето.
„Книгата ќе биде богата мешавина од есеи, критики и лични забелешки“, вели издавачот.