ТЕАТАР КОМЕДИЈА СО ДВЕ ПРЕТСТАВИ НА ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ХРВАТСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Театар Комедија ќе гостува на театарскиот фестивал БОК во Бјеловар, Хрватска, со две хит-претстави.
На 30 април, на свеченото отворање на фестивалот, ќе игра „Илуминати” (фото) во режија на Синиша Евтимов. Следниот ден на репертоарот е „Пар распар” на Нина Николиќ.
„Фестивалот, кој од 2003 обединува врвни театри од цела поранешна Југославија, и оваа година ќе биде центар на театарската уметност од регионот. БОК фест е место каде што се слави квалитетната театарска уметност и Театар Комедија е горд што ќе биде дел од оваа значајна манифестација“, велат од театарот.