Тениската ѕвезда Каролине Вознијацки и поранешниот НБА кошаркар Дејвид Ли се венчаа во идиличното гратче Кастилјон дел Боско во Тоскана, Италија, во присуство на 120 најблиски роднини и пријатели, вклучувајќи познати имиња од светот на спортот.
Данската тенисерка блескаше во фустан на Оскар де ла Рента, а една од девериците ѝ беше големата ривалка од тениските терени Серена Вилијамс. Меѓу гостите беа и германската тенисерка Ангелика Кербер и шпанската НБА ѕвезда Пау Гасол.
Вознијацки и Ли се запознале преку заеднички пријател во Мајами во 2016, а се свршија една година подоцна.
„Ја сакаме Италија, тука сме ги имале најубавите одмори и затоа избравме тука да се венчаме“, изјави 28-годишната Вознијацки.