ТЕНИСКАТА ЅВЕЗДА НАОМИ ОСАКА ОБЈАВИ ДЕКА Е ТРУДНА

Токио, (Би-Би-Си)

Поранешната најдобра светска тенисерка Наоми Осака објави дека е трудна, што следува само неколку дена откако го откажа настапот на Отвореното првенство на Австралија. Дваесет и петгодишната Јапонка не игра уште од септември.

2023 ќе биде година полна со лекции за мене. Една од работите што едвај ги чекам е моето дете да гледа еден од моите мечеви и да каже: ‘Тоа е мајка ми‘“, напиша Осака на Твитер.

Таа ја освои последната од своите четири гренд слем титули токму во Австралија во 2021, по што отворено почна да зборува за своите ментални проблеми кои произлегоа од притисокот на јавноста и успехот. Во мај таа година се повлече од Ролан Гарос и потоа зеде петмесечна пауза од тенисот.

Минатата сезона, најдобриот резултат на гренд слем турнирите ѝ беше третото коло во Австралија, поради што падна на 47. место на ВТА-листата.