ТИНЕЈЏЕРКИ ГИ ПОДЕЛИЈА ОЛИМПИСКИТЕ МЕДАЛИ ВО СКЕЈТБОРДИНГ, ВО ФИНАЛЕТО НАСТАПИ И 11-ГОДИШНИЧКА

Париз, (Ројтерс)

Четиринаесетгодишната Австралијка Ариз Трју ја предводеше групата тинејџерки кои го окупираа подиумот по натпреварувањето во скејтбординг на Олимписките игри во Париз. Таа освои злато во дисциплината возење во парк, среброто ѝ припадна на 15-годишната Јапонка Кокона Хираки, а трета беше една година повозрасната Британка Скај Браун.

Ова е навистина кул, зашто сите девојки многу придонесуваат за спортот. Нормално е да се биде нервозен на вака голем настан, но сите девојки се поддржуваат меѓусебно и си помагаат, што доста го ублажува стресот“, изјави Трју.

Шест од осумте финалистки беа тинејџерки, од кои 11-годишната Џенг Хаохао е најмладиот учесник на овие ОИ.

Претходно, во дисциплината улично возење победи 14-годишната Јапонка Коко Јошизава, пред 15-годишната сонародничка Лиз Акама и 16-годишната Бразилка Рајса Леал.

(Фото: АП)