Британскиот актер Том Харди го доби второто дете со сопругата Шарлот Рајли.
Имајќи предвид дека двојката го крие приватниот живот од очите на јавноста, се дознава само дека бебето се родило кон крајот на минатиот месец и дека се вика Форест, според еден од омилените филмови на 41-годишниот Харди, „Форест Гамп“.
„Тие се пресреќни со новиот член на семејството. Нивни пријатели велат дека бебето е ист Том. Името Форест многу им се допаѓа, бидејќи е моќно. Том отсекогаш го сметал филмот ‘Форест Гамп‘ за инспиративен и затоа мисли дека името одговара“, откри извор близок до двојката.
Харди има и тригодишна ќерка со Шарлот Рајли, со која е во брак од 2014, како и десетгодишен син од претходна врска.
„На планетата нема потешка и поважна работа од родителството. Имам голема почит кон војници, пожарникари, лекари, полицајци, но родителството е над сето тоа“, кажа Харди во едно интервју.