„ТРИТЕ САМОВИЛИ ГО БАРААТ ДЕДО МРАЗ“, МУЗИЧКО-ЕДУКАТИВНА ПРЕТСТАВА ЗА ДЕЦА УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утревечер (27 декември) од 18.30 часот во книжарницата „Литература“ во скопскиот трговски центар „Дајмонд мол“ ќе се одржи детската претстава „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“, наменета за деца од 5 до 13 годишна возраст.

„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ е претстава со жива изведба на новогодишни песни на лимени дувачки инструменти. Приказната зборува за трите самовили: Муза, Нота и Песна, кои тргнуваат во потрага по
Дедо Мраз.

Во улогата на Нота е Тина Иванова, Муза е Симона Гајдоска, а Песна ја игра Дијана Илкоска Имери. Дедо Мраз на туба е Александар Ниниќ, првото џуџе на тромбон Бранко Илиевски, второ џуџе на тромбон Никола Ристевски
и прво џуџе на туба е Ник ДеКарло.

Претставата е едукативна приказна и е во продукција на „Музичка кутија“.