Холивудската актерка, режисерка и продуцентка Анџелина Џоли, заедно со Би-Би-Си, ќе снима емисија која ќе има за цел да им помогне на децата над 13 години да препознаваат лажни вести.
„Како родител, среќна сум што ќе можам да поддржам програма чија цел е да им се помогне на децата да дознаат повеќе за животите на други млади луѓе низ светот и да се поврзат со нив. Се надевам дека ќе им помогне да ги најдат информациите и алатките кои им се потребни да направат разлика во однос на темите што ги интересираат, и сето тоа со помош на светската мрежа на Би-Би-Си и илјадниците новинари низ светот“, изјави оскаровката.
Емисијата ќе се емитува еднаш неделно, во траење од половина час, на најгледаниот канал на организацијата, Би-Би-Си Ворлд њуз, а ќе се пренесува на 42 сервиси на Би-Би-Си на други јазици. Исто така, ќе биде достапна и на Јутјуб.