Авторот на јужнокорејската сензација „Игра на лигни“ објави дека работи на втората сезона на серијата.
„Имаше многу притисок, многу барања и многу љубов, па не ни оставивте избор“, кажа режисерот и сценарист Хванг Донг-хјук.
Сместена во модерно време во Јужна Кореја, „Игра на лигни“ следи група од 456 луѓе кои се поканети да учествуваат во смртоносни детски игри на тајна локација, а победникот освојува награда од 45,6 милијарди вони (38,7 милиони долари).
Серијата се покажа огромен хит и „Нетфликс“ минатиот месец кажа дека била гледана во рекордни 142 милиони домаќинства и била најстримувана содржина во 94 држави.
„Можам да ви ветам едно: главниот лик Ги-хун ќе се врати и ќе направи нешто за светот. Моментално сме во процесот на планирање и прерано е да се каже како ќе се одвива втората сезона“, изјави Хванг.