БУКВАЛНО СНИМАМЕ ОСУМ ФИЛМА, ВЕЛИ АКТЕРКАТА МАЈА ХОК ЗА ОДОЛЖУВАЊЕТО НА НОВАТА СЕЗОНА НА „ЧУДНИ НЕШТА“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Буквално снимаме осум филма, изјави актерата Маја Хок за снимањето на петтата и последна сезона на ТВ-серијата „Чудни нешта“.

Проблеми имаше и со четвртата сезона, која беше паузирана во март 2020 поради ковид пандемијата. Снимањето на петтата сезона почна во јануари 2024, откако беше одложено поради штрајкот на холивудските сценаристи и актери во 2023.

„Оваа серија малку како да е проколната“, се пошегува Хок во еден подкаст и додаде:

„Имаме неверојатен креативен тим на сценаристи. Тие пишуваат многу и се многу сериозни во врска со квалитетот на континуираното пишување. Потребно е долго време да се напише секоја сезона, потребно е долго време да се снимат. Ние снимаме, во основа, осум филма. Епизодите се многу долги. Ќе биде потребна околу една година за да се сними ова последно поглавје од серијата“, изјави актерката.

Премиерата е најавена за 2025.

Фото: Нетфликс