КИНА ГИ ИСЕЧЕ ЛЕДИ ГАГА, ЏАСТИН БИБЕР И КОРЕЈСКА ПОП ГРУПА ОД „ПРИЈАТЕЛИ“

Њујорк, (Дедлајн)

Кина ги исече појавувањата на Леди Гага, Џастин Бибер и на корејската поп група „БТС“ од специјалната повратничка епизода на „Пријатели“, насловена „Обединување“, која излезе пред два дена на „Ејч-Би-О макс“.

Овие музичари во изминатите години предизвикаа негодувања кај кинеската влада. Леди Гага ја налути откако се сретна со тибетскиот духовен водач Далај Лама, а Бибер зашто објави фотографија од храм во Токио посветен на јапонските жртви од војните, меѓу кои се и воени злосторници.

Корејскиот бенд исто така не е омилен кај кинеските власти, како поради нивниот стил, така и поради тоа што не им оддал почит на кинеските жртви од Корејската војна.

„Пријатели“ има голема популарност во Кина, па дури можат да се најдат кафулиња во стилот на „Сентрал перк“.