КОНАН О’БРАЈАН ПАК ЌЕ ГИ ВОДИ ОСКАРИТЕ ДОГОДИНА

САД, (Варајети)

Конан О’Брајан ќе биде водител на Оскарите и вгодина, на 98. издание на 15 март 2026, соопштија Бил Крамер и Џенет Јанг, извршниот директор и претседателката на Академијата за филм.

Користејќи го својот препознатлив хумор, О’Брајан се потсмеваше со неговото враќање на Оскарите:

„Единствената причина поради која ќе бидам домаќин на Оскарите и следната година е тоа што сакам да го слушнам Ејдриен Броди како го завршува својот говор“, кажа тој, алудирајќи на рекордно долгиот говор на добитникот на Оскар за најдобар актер.

Годинишниве Оскари имаа најголема гледаност во последните пет години. Преносот привлече 19,69 милиони гледачи во САД и 104,2 милиони интеракции на социјалните мрежи.