„КРУНА“ ГИ ПРОНАЈДЕ СВОИТЕ ВИЛИЈАМ И КЕЈТ ЗА ШЕСТАТА СЕЗОНА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Деветнаесетгодишната Мег Белами ја доби својата прва професионална актерска улога, откако беше избрана да ја глуми Кејт Мидлтон во шестата и последна сезона на „Круна“. Таа победила на аудицијата распишана преку социјалните мрежи, испраќајќи снимка што сама ја направила.

Големо деби ќе имаат и Ед Мекви (21) и Руфус Кампа (16), кои ќе го играат принцот Вилијам на различна возраст.

Ед Мекви е еден од актерите кои ќе го глумат Вилијам

Снимањето на шестата сезона почнува оваа есен. Ќе се случува во почетокот на 2000-ите и ќе ги опфати и настаните по смртта на принцезата Дијана. Белами ќе ја игра младата Кејт Мидлтон додека сè уште е студентка на Универзитетот Сент Ендрјус, каде што го сретна својот иден сопруг во 2001.

Нетфликс“ претходно кажа дека наградуваната серија ќе има пет сезони, но потоа додаде уште една поради богатството и сложеноста на приказната. Петтата сезона ќе биде пуштена во ноември, при што четворица актери ќе ги играат Вилијам и Хари.