НЕМА ДА МОЖАМ ДА ИЗБЕГНАМ ПОЛИТИЧКИ ШЕГИ НА ОСКАРИТЕ, РЕЧЕ КОМИЧАРОТ КОНАН О’БРАЈАН

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Американскиот комичар Конан О’Брајан рече дека нема да може да ја избегне политиката кога ќе биде домаќин на доделувањето на Оскарите на 2 март.

Поранешните водители на церемонијата во традиционално либералниот Холивуд често коментираа за актуелните настани, понекогаш предизвикувајќи лути критики од Доналд Трамп на социјалните мрежи.

„Мислам дека како водител не можам да го игнорирам моментот во кој се наоѓаме. Сакам да го направам тоа со хумор, а исто така да се погрижам ноќта да не се претвори само во хумор“, рече О’Брајан, кој првпат ќе биде водител.

Тој рече дека има одговорност да ги слави актерите и сите кои работеле на номинираните филмови.

„Тоа ќе биде славеничка ноќ. За првпат ќе облечам луксузен смокинг направен специјално за мене од дизајнер од Лос Анџелес“, кажа О‘Брајан.

(Фото: Ти-Би-Ес)