Акционата франшиза „Брзи и бесни“ добива своја анимирана серија, како дел од договорот на „Нетфликс“ со студиото „Дримворкс“.

Новата серија ќе се фокусира на помлад роднина на Дом (Вин Дизел) и ќе биде наменета за помлада популација.

„Нетфликс“ не прецизираше кога новата анимирана серија ќе почне да се емитува, но откри неколку детали од приказната.

„Тинејџерот Тони Торето ги следи стапките на својот роднина Дом, кога тој и негови пријатели се ангажирани од владина агенција за да се инфилтрираат во елитна тркачка лига, која служи како параван за озлогласена криминална организација, која има амбиција да оствари светска доминација“, соопшти компанијата.

„Нетфликс“ и „Дримворкс“ соработуваат веќе пет години и заедно имаат направено 14 различни серии.