„НЕТФЛИКС“ ЌЕ ПРАВИ РЕАЛНО ШОУ ЗАСНОВАНО НА „ИГРА НА ЛИГНИ“, НАГРАДАТА ЌЕ БИДЕ 4,56 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Нетфликс“ ангажира учесници за реално шоу засновано врз популарната корејска серија „Игра на лигни“. Сепак, тоа нема да биде борба на живот и смрт, како во серијата.

„Место тоа, 456 учесници од цел свет ќе играат игри во кои најстрашната судбина е да се замине дома со празни раце. Наградата ќе изнесува 4,56 милиони долари“, најавуваат од „Нетфликс“.

Стриминг гигантот неодамна потврди дека ќе се снима втората сезона на серијата.

Новото реално шоу насловено ‘Игра на лигни: Предизвик‘ ќе има десет епизоди и ќе ги има најголемиот број учесници и најголемиот награден фонд во историјата на вакви програми. Играчите ќе се натпреваруваат во низа игри инспирирани од оригиналната серија, плус некои нови, а нивните стратегии, сојузи и карактери ќе бидат ставени на тест додека учесниците околу нив испаѓаат“, соопшти „Нетфликс“.

Учесниците мора да имаат најмалку 21 година, да зборуваат англиски и да бидат достапни за четири недели снимање во почетокот на 2023.