Актерот Питер Динклиџ, кој го игра Тирион Ланистер во „Игра на тронови“, призна дека е вистинско време да заврши серијата.
„Ејч-Би-О“ лани потврди дека осмата сезона ќе биде последна. И додека екипата е на пауза од снимањето, Динклиџ на филмскиот фестивал „Санденс“ откри како се чувствува околу тоа.
„Горчливо-слатко е чувството кога е време да се премине преку сѐ. Секогаш е тажен делот кога нешто завршува, бидејќи сте заедно со прекрасни луѓе во краток временски период и мора да продолжите понатаму“, кажа Динклиџ.
Претседателот на „Ејч-Би-О“, Кејси Блојс, вели дека иако последната сезона ќе биде најкратка досега, со само шест епизоди, продуцентите се посветени да ја направат што е можно повеќе филмски.
„Игра на тронови“ се враќа во 2019 година.