ПРЕМИЕРАТА НА НОВАТА СЕРИЈА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“ ЗАКАЖАНА НА 9 ДЕКЕМВРИ

Лос Анџелес, (Гардијан)

Премиерата на продолжението на ТВ-серијата „Сексот и градот“ е закажана на 9 декември на „Ејч-Би-О макс“ и „Скај комеди“, објави стриминг гигантот во нов трејлер. Минисеријата е насловена „And Just Like That“.

Во новиот проект од 10 епизоди се обединија Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, но не и Ким Катрал. Се враќаат и Крис Нот како Ѕверката и Марио Кантоне како Ентони, а ново име е Сара Рамирез, една од ѕвездите на „Вовед во анатомија“.

„Сексот и градот“ се емитуваше од 1998 до 2004 и освои седум Еми награди, а се снимија и два филма, во 2008 и 2010 година.