Сценаристите на ТВ-серијата „Игра на тронови“ Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс потпишаа договор со „Нетфликс“, објави стриминг гигантот.

Според „Вараети“, „Нетфликс“ ја доби војната во која во најтесен избори влегоа  и моќните студија „Амазон“ и „Дизни“.

Директорот на „Нетфликс“ Тед Сарандос рече дека е „пресреќен што ќе им посака добредојде на одличните сценаристи“. „Вараети“ не ја објави точната сума за колку се потпишани договорите, освен дека се со девет цифри.

Бениоф и Вајс додадоа дека се почестени што ќе бидат дел од „Нетфликс“, но и дека се многу благодарни за соработката со Ејч-Би-О, американската мрежа која ја емитуваше ултра популарната ТВ-серија. Во 2020 на Ејч-Би-О ќе се емитува приквелот на „Игра на тронови“, чиј работен наслов е „Крвава месечина“.

Бениоф и Вајс добија многу негативни реакции од фановите за последната сезона на „Игра на тронови“, но серијата која е базирана на книгите на Џорџ Р.Р. Мартин доби 47 Еми награди и 160 номинации.