ТРЕТАТА СЕЗОНА НА „БЕЛИОТ ЛОТУС“ ЌЕ СЕ СНИМА ВО ТАЈЛАНД И ЌЕ БИДЕ ПООТКАЧЕНА И ПОДОЛГА, ВЕЛИ АВТОРОТ МАЈК ВАЈТ

Лос Анџелес, (Венити фер)

Третата сезона на „Белиот лотус“ ќе се снима во Тајланд и ќе биде подолга, поголема и пооткачена, најави авторот на хит-серијата на Ејч-Би-О, Мајк Вајт, во интервју со „Ентертејнмент викли“.

„Не знам што ќе мислат гледачите, но јас сум многу возбуден, а според мојот барометар, тоа е добро. Навистина сум возбуден за содржината на сезоната“, рече тој.

Вајт, кој освои три награди Еми за серијата, се надева дека снимањето на третата сезона ќе почне на почетокот на 2024. Вели дека има многу работа со кастигнот, кој допрво треба да се одбира, со оглед на тоа дека секоја сезона е со нова екипа.

Засега е познато дека ќе се врати Наташа Ротвел, која доби номинација за Еми за улогата на Белинда во првата сезона.

(Фото: ИМДБ)