ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ САМИ СЕ НОМИНИРАЛЕ ЗА НАГРАДАТА ЕМИ ЗА 225 ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ѕвездите на „Игра на тронови“ сами се номинирале за наградата Еми, откако тоа не го направила мрежата Ејч-Би-О.

Гвендолин Кристи, која во хит-серијата ја игра Бриен оф Тарт, на Твитер ја објави својата апликација сосе честитката што ја добила од Лос Анџелес дека е номинирана. Таа ќе конкурира за наградата во категоријата најдобра споредна женска улога во драмска серија, во којашто Ејч-Би-О ги номинираше Лена Хиди, Мејзи Вилијамс и Софи Тарнер.

Истото го направиле и Алфи Ален и Карис фан Хоутен.

Ален се номинираше за најдобар спореден актер во драмска серија, за што ќе се борат и неговите колеги Питер Динклиџ и Николај Костер-Валдау, додека Фан Хоутен се пријавила и е избрана во категоријата најдобра актерка-гостинка во драмска серија.

Според „Холивуд рипортер“, ова не е невообичаено, а за да се аплицира, потребно е да се уплатат 225 долари.