УШТЕ СЕ ЈАВУВАМ НА НЕГОВИОТ БРОЈ ЗА ДА МУ ГО СЛУШНАМ СНИМЕНИОТ ГЛАС, РЕЧЕ ДЕВОЈКАТА НА ПОЧИНАТИОТ ПЕЈАЧ ЛИАМ ПЕЈН

САД, (Си-Ен-Ен)

Девојката на починатиот пејач Лиам Пејн, раскажа за нивната врска пред неговата смрт во октомври лани. Некогашниот член на британската поп-група „Уан дајрекшн“, почина на 31 година во Аргентина откако паднал од третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Полицијата кажа дека го пронашла телото на Пејн откако итните служби реагирале на повик во луксузната населба Палермо.

Во интервју за „Сан“, девојката на Пејн, Кејт Кесиди (25), зборуваше за нивната врска и одморот во Буенос Аирес.

Таа го нарече пејачот „навистина еден од најдобрите луѓе што некогаш сум ги запознала во мојот живот“.

Двојката се запозна во 2022 во бар во Чарлстон, Јужна Каролина. Кесиди откри дека Пејн била нејзината „детска љубов“ чиј постер го имала на нејзиниот ѕид додека растела.

„Го сакам од својата десетта година“, рече таа. „Мислам дека требаше да се сретнеме“.
Кесиди ја опиша нивната двегодишна врска како вистинска. Таа рече дека Пејн бил здрав пред неговата смрт.

Таа исто така рече дека се кае што морала да го напушти Пејн во Буенос Аирес за да се врати на Флорида. Кесиди не била присутна кога починал. „Никогаш не мислев дека ова ќе се случи, уште не ми е сосема реално што тој не е тука“, кажа Кесиди. Таа се онесвестила кога еден од неговите пријатели ѝ се јавил во нивниот дом во Флорида за да ја извести дека починал.

„Мислев дека тоа е само гласина што некој ја измислил само за да добие прегледи на интернет“, рече таа.

Кесиди рече дека се обидела да му се јави на Пејн пред да може да потврди дека починал. „Уште се јавувам на неговиот број за да му го слушнам снимениот глас“, рече Кесиди, и додаде дека го напуштила нивниот дом на Флорида и се преселила во Њу Џерси.

„Се трудам да бидам најдобра што можам, но чувствувам колку многу животот ми се промени“, рече Кесиди. . „Мислам за Лиам секоја секунда од секој ден“, додаде партнетката на пејачот.

Во октомври 2024, Кесиди во објава на социјалните мрежи рече дека таа и Пејн планирале да се венчаат.

 

Фото: Гети