ВЕСЕЛО ШОУ СО ТУРСКИ ТАНЦИ И АКРОБАЦИИ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД „ОГНОТ ОД АНАДОЛИЈА“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Играорците од македонскиот ансамбл за народни песни и ора „Танец“ синоќа ја загреаја публиката во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, пред светската танцова атракција „Огнот од Анадолија“ од Турција.

Играорците од „Танец“ со нивниот 15-минутен настап ја орасположија публиката уште на почетокот (Фото: М. Златевска)

Веселата атмосфера со аплаузи и овации продолжи во текот на целото двочасовно шоу, кое е комбинација на турската култура и народните ора од различни подрачја на Турција, како и современ танц, балет и акробации.

Фото: М. Златевска

Облечени во костими со шарени и силни бои, танчарите со синхронизираните движења, надополнети со визуелните ефекти, ја орасположија публиката, која аплаудираше во ритамот на веселата и игрива музика.

Фото: Ѓ. Личовски

„Огнот од Анадолија“ се Гинисови рекордери во две категории: најбрзо изигран танц (241 чекор во минута) и шоу пред најбројна публика – 40.000 во Турција.

Фото: M. Златевска

Светски познатата трупа, која низ светот настапува од 2002 година, ја сочинуваат 120 играчи и повеќе кореографи, а во Скопје, како и во земјите од регионот, настапија околу 60 танчари.

Фото: M. Златевска

Настапот на „Огнот од Анадолија“ го организираше „Прагма мјузик ентертејнмент“.

Фото: M. Златевска
Фото: M. Златевска
Фото: Ѓ. Личовски