ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ ЗАВРШУВА СО ПАЛЕЊЕ НА МАСКИТЕ И ТРАДИЦИОНАЛНО ОРО

Вевчани, (СМАРТ СДК.МК)

Креативни маски и годинава покажаа вевчанци на традиционалниот Вевчански карневал, кој започна на 12 јануари, а ќе заврши денеска (14 јануари) со традиционалното василичарско оро и со палење на маските во центарот на Вевчани.

Дефилето почна на почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде што маскираните го вртеа василичарското оро. Новата година според јулијанскиот календар беше дочекана со огномет во центарот на Вевчани.

Вевчанци и годинава покажаа оригинални маски (Фото: Министество за култура)

Како музички гости настапија Пајак, „Ареа“, „Забрањено пушење“, „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и „Биоритам“.

Вевчанскиот карневал има традиција од околу 15 века. Задолжителни елементи се зетот и невестата, кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола како олицетворение на злото и двајцата глупави Августи, кои штитат од злото.

(Фото: Министерство за култура)