Традиционалната манифестација „Виенски бал“ годинава ќе се одржи на 10 мај во скопскиот хотел „Александар палас“. Од здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ велат дека собраните средства ќе се донираат за помош на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Плус“ во Кочани на 16 март.
„На вонреден состанок, организацискиот одбор на ‘Виенскиот бал‘, кој ќе се одржи на 10 мај, донесе одлука средствата од овогодинешниот настан да бидат донирани за семејствата на трагично настраданите во Кочани“, објавија организаторите.
Балот ќе се одржи по 26. пат. Секоја година со валцер го отвора оркестарот „Јохан Штраус“, а потоа настапуваат и пејачи со популарна музика.