ВНУКИТЕ НА АЛ КАПОНЕ ГО ПРОДАВААТ НЕГОВОТО НАСЛЕДСТВО, КАКО И ОМИЛЕНИОТ ПИШТОЛ

Лос Анџелес, (АФП)

Омилениот пиштол на еден од најголемите ганстери во САД, Ал Капоне, колт со калибар од 45 мм, ќе се продава на аукција во Калифорнија. На аукцијатата ќе се најдат и други пиштоли, како и стари фотографии и писмото кое го напишал до својот син за време на 11-годишниот притвор во Алкатраз. Предметите ги продаваат неговите три внуки, ќерки на единствениот син Алберт Капоне.

174 предмети ќе бидат ставени на аукцијата на 8 октомври, кои се дел од колекцијата насловена „Век на озлогласеност: имотот на Ал Капоне“.

Аукционерите велат дека ова ќе биде без сомнение една од најважните аукции на славни личности во историјата. Аукционерите предвидуваат дека колт 45 ќе достигне до 150.000 долари, а другите пиштоли можат да достигнат до 60.000 долари.

Ал Капоне не бил никогаш обвинет поради насилство, беше во затвор поради затајување на данок и на крајот заврши во островскиот затвор Алкатраз.