Вечерва (28 јуни) во 19 часот, во Културно информативниот центар во Скопје во салата „Империјал II“ ќе се отвори изложбата на јапонски мајстори на графики печатени од дрво насловена „Јапонски лебдечки свет“ (UKIYO-E).
Изложбата е по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Македонија и Јапонија. Ќе бидат прикажани 30 отпечатоци од дрво од 17. и 18. век, кои претходно беа донесени и во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци.
„Отпечатоците UKIYO-E се донација од Друштвото за македонско-јапонско пријателство и соработка“, велат од Јапонската амбасада во Скопје.