ВО ВЕЛЕС ПОЧНУВА 21. ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА, ГО ОТВОРА БОСАНСКАТА ПРЕТСТАВА „ЦАР ЕДИП“

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Со претставата „Цар Едип“ од Софокле, вечерва (30 септември) од 20 часот во Велес започнува 21. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Изведбата е на Народно позориште од Сараево, а адаптацијата, режијата и сценографијата се на Диего де Бреа. Настапуваат Дино Бајровиќ, Медиха Муслиновиќ, Дамир Чобо, Изудин Бајровиќ, Дамир Машиќ и Емир Фејзиќ.

Претставата ја следи приказната за Едип, кој станува крал на Теба и се заколнува дека ќе ја реши чумата во градот. Во својата потрага, тој открива пророштво дека ќе го убие својот татко и ќе се ожени со мајка му.

Претставата се игра во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

П. ПЕЧКОВ