ВТОРО СТЕНДАП ШОУ НА КОМИЧАРИТЕ БОЈАН ВЕЛЕВСКИ И МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ НА 16 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Втор стендап настап закажаа македонските комичари Марјан Георгиевски и Бојан Велевски, на 16 февруари во Националната опера и балет од 20 часот, откако се распродаде првиот на 14 февруари во Македонскиот народен театар.

Настанот, кој се одржува по повод денот на љубовта и виното, е со наслов „Трифун vs. Валентајн“ и во сценариото секој од комичарите навива за различен празник.

„Целта ни е публиката да се препознае во нашите настапи и да ужива во контрастот помеѓу традицијата и модерните сфаќања за љубовта“, велат комичарите.

Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.