ЗАТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА БЕШЕ ЦЕЛО ВО КОРЕЈСКИ ПОП

Пјонгчанг, (Елит)

Церемонијата на затворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг беше цела во музика, со акцент на корејскиот поп (К-поп), кој на големо беше промовиран пред светската јавност. Кој сѐ настапи?

Прв на сцена излезе 13-годишниот гитарист Јанг Тае-Хван, кој растури на електрична гитара, што го вклучи и делот „Зима“ од „Четирите годишни времиња“ на Вивалди.

Јанг Тае-Хван (Фото: Гети)

Комбинирајќи ново и старо, музичкиот дел продолжи со групата од 80 музичари, кои свиреа на традиционалниот корејски жичен инструмент геомунго.

Поп-ѕвездата Си Ел „Форбс“ ја опишува како една од најголемите раперски и модни икони во Кореја. Таа, исто така, е муза на Џереми Скот, креативниот директор на модниот бренд „Москино“.

Си Ел (Фото: Гети)

„ЕКСО“, деветчлен бој бенд, ја вжешти атмосферата со изведбата на својот голем хит „Моќ“, покажувајќи дека има потенцијал и за светска популарност.

ЕКСО (Фото: Гети)

Во моментот кога олимпискиот факел му беше предаден на Пекинг, домаќинот на следната Зимска олимпијада во 2022 година, почна настапот на корејскиот диџеј Раиден, на кого му се придружи Мартин Гарикс. Младиот холандски диџеј и продуцент откри дека почнал да прави музика инспириран од една претходна Олимпијада.

Диџеј Раиден (Фото: Гети)

„Настапот на Тјесто на отворањето на Олимпијадата во 2004 година ме инспирираше да станам ова што сум сега. Се надевам дека и јас така ќе бидам нечија инспирација“, вели 21-годишниот Гарикс.

Мартин Гарикс лани настапи и во Скопје (Фото: Гети)