Легендарниот британски актер Ијан Мекелен изјави дека се чувствува еуфорично откако стана една од првите славни личности која се вакцинираше против ковид-19. Осумдесет и едногодишната ѕвезда на „Господар на прстените“ ја прими вакцината во Универзитетската болница „Квин Мери“ во Лондон.
„Секој кој живеел олку долго како мене е жив зашто и претходно се вакцинирал. Среќен сум што можев да ја добијам вакцината. Нема да се двоумам да ја препорачам на други. Безболно е“, изјави Мекелен.
Здравствените работници, лицата над 80 години и штитениците на старечките домови се меѓу првите во Велика Британија кои ја примија вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против ковид-19.