ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА СО ПРЕМИЕРА НА „АРАПСКА НОЌ“ ВО ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР

Прилеп, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, премиерно ќе се изведе вечерва од 20 часот во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Бузалковска вели дека „Арапска ноќ“, напишана во 2001, досега е поставена во речиси сите поголеми и поважни театри и одиграна на многу јазици.

„’Арапска ноќ’ е прекрасна приказна, неверојатно урбана и сензуална, која се движи во необични и сосема неочекувани правци и во себе ги спојува Истокот и Западот, грубата реалност и надреалното во сонот, тесниот стан и арапската пустина. Таа варира со стереотипите, отворено зборувајќи за нештата кои обично не ги изрекуваме гласно, а громогласно ги мислиме“, вели Бузалковска.

Играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова-Најман, а музиката на „Фолтин“.