КОСТИМИТЕ ОД КРАЛСКАТА ТВ-ДРАМА „КРУНА“ ВО МУЛТИМЕДИЈАЛНА ИЗЛОЖБА

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

„Круна: Замислете си го кралскиот свет“ е насловена мултимедијалната изложба на костими од популарната британска ТВ-серија „Круна“, која е поставена во „Пели медија центарот“ во Беверли Хилс, Калифорнија.

Костимографката Џејн Петри доби Еми и Гилд награда за најдобри костими

Поставката содржи и накит, чанти, чевли, фотографии, видеа и документи од наградуваната серија за кралицата Елизабета Втора, која во првите две сезони ја играше Клер Фој.

Покрај глумата на Фој, костимите важат за скапоцен камен на ова ТВ-шоу и тие беа наградени со Еми во 2017 година, а Џејн Петри ја доби и наградата за најдобра костимографија на Гилд наградите.

Изложбата е насловена „Круна: Замислете си го кралскиот свет“

„Втората сезона е за борбата на Виндзор за модернизација во време на големи глобални промени. Судирот помеѓу старото и новото, САД и Британија, а средбата на Кенедиеви и кралското семејство зазема централно место и влијаеше многу на инспирацијата за костимите. Тоа е фасцинантен момент во нашата заедничка историја и беше апсолутно задоволство да се дизајнира. Јас само се надевам дека посетителите ќе ја ценат изложбата колку што ние уживавме да ја раскажеме оваа приказна “, изјави костимографката.

Поставката содржи и накит, чанти, чевли, фотографии, видеа и документи од наградуваната серија за британската кралица

„Нетфликс“ потврди дека ќе има и трета и четврта сезона на „Круна “, секоја со шест епизоди. Оливија Колман ќе ја игра кралицата во третата сезона, а Хелена Бонам Картер ќе се приклучи на актерската екипа како принцезата Маргарет.