Британската поп-ѕвезда Адел почна да работи на нов албум, што ќе биде нејзино прво издание од „25“, што излезе пред три години.
Триесетгодишната Адел веќе ги одржала првите состаноци со продуцентите и планира да го помине летото правејќи нови песни. Планирано е новиот албум да биде објавен за Божиќ наредната година.
„Таа се врати во Велика Британија и планира тука да пишува песни. Таа веќе има неколку нови песни и стапи во контакт со врвни музичари, кои ќе свират на новиот албум“, изјави извор за весникот „Сан“.
Минатата година, Адел беше принудена да откаже два концерта на стадионот „Вембли“ поради повреда на гласни жици и оттогаш нема настапувано. Потоа беше најавено дека, можеби, ќе земе десетгодишна пауза од музиката, со цел да му се посвети на синот.