„ПУСИ РАЈОТ“ ЈА ОБЈАВИ „ПЕСНА ЗА ДОБАР ПОЛИЦАЕЦ“ ПО УПАДОТ НА ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ

Москва, (Дојче веле)
As members of the punk protest group Pussy Riot recorded a song and video in Sochi this week, a uniformed Cossack used a whip to try to stop them. The attack ended up being part of the band's video.

Руската феминистичка панк група „Пуси рајот“ објави нова песна, откако нејзини членови беа осудени на 15 дена притвор по упадот на теренот на финалето на Светското првенство во Русија во неделата.

Четири лица, облечени во старомодни полициски униформи, се стрчаа на теренот во 52. минута, пред да бидат сопрени од обезбедувањето.

„Песна за добар полицаец”, снимена во рок-ритам, ја означува новата музичка насока на активистките. Во изјавата, „Пуси рајот“ ја опишува песната како „утописки сон за алтернативна политичка реалност, во која полицијата, наместо да апси, им се приклучува на активистите”.

„Сакаме да живееме во свет во кој полицијата е ослободена од хомофобијата, ја завршува борбата со дрогата и сфаќа дека е многу подобро да се биде добар со луѓето“, објави групата.

Ден по финалето, московскиот суд ги осуди Вероника Никулшина, Олга Курачева, Олга Пахтусова и Пјотр Везилов на 15 дена притвор и им забрани да посетуваат спортски настани три години.