ОХРИДСКО ЛЕТО СЛАВИ 58 ГОДИНИ СО КОНЦЕРТ НА „СИНТЕЗИС“

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Групата „Синтезис“ ќе настапи вечерва на Охридско лето, на 58. роденден на најголемиот летен фестивал во Македонија.

Концертот беше првично за најавен во Античкиот театар, но поради временските неприлики, е преместен за во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

„’Синтезис’ е една од најпознатите македонски групи што стекнаа и светска афирмација. Во своето музицирање групата се потпира врз традиционалната македонска музика, но во комбинација со современи аранжмани при што ги употребува речиси сите традиционални македонски инструменти: кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура. На нивниот репертоар се среќаваат стари, заборавени, а понекогаш дури и дотогаш нечуени македонски народни песни кои се дел од богатото македонско културно наследство“, велат од Фестивалот.