Новото шоу на Саша Барон Коен, „Кој е Америка?“, во кое тој преку измислени пет лика исмеваше угледни републиканци, заврши вчера без да се емитува делот со Сара Пејлин, која прва откри дека наседнала на лажно интервју со контроверзниот британски комичар.
Во седумте епизоди од серијата на „Шоутајм“, која собра извонредни критики, преправениот Коен доведе во непријатни ситуации низа американски политичари, јавни личности и активисти за употреба на оружје, вклучувајќи ја и поранешната кандидатка за потпретседател, но јавноста, сепак, нема да го види тој разговор.
Пејлин била интервјуирана од еден од ликовите на Коен, д-р Били Вејн Радик, кој е десничарски коментатор и поддржувач на Трамп.
„Преправен во воен ветеран во лажна количка, тој покажа големо непочитување кон нашите војска и средна класа“, кажа Пејлин.
Радик на Твитер изјави дека никогаш не тврдел дека е ветеран или инвалид.
„Јас не реков дека сум воен ветеран. Сум бил во служба, но не воена и сум се борел за мојата земја само еднаш, кога застрелав Мексиканец кој дојде на мој имот“.
Претседателот на програмата на „Шоутајм“, Грег Левин, изјави дека не ни било планирано целиот снимен материјал да влезе во серијата.