ПОРНО ЅВЕЗДАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС ГИ НАЈАВИ МЕМОАРИТЕ СО ДЕТАЛИ ЗА ВРСКАТА СО ТРАМП

Вашингтон, (АП)

Сторми Даниелс ќе ја раскаже својата приказна во мемоарите насловени „Целосно разоткривање“.

Порноактерката која тврди дека имала врска со американскиот претседател Донал Трамп, во интервјуто за „Еј-Би-Си“ кажа дека книгата ќе излезе на 2 октомври, а содржи детали од нејзиниот живот и правните битки со Трамп.

„Имам многу што да кажам“, рече Даниелс.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, објави дека имала секс со Трамп во 2006 година. Средбата помеѓу Трамп и Даниелс, наводно, се случила во хотелска соба во Лејк Тахоу, Невада,  кога таа ја промовирала својата компанија за порнофилмови на еден голф турнир на славни личности.

Трамп ѝ платил 130,000 долари пред изборите во 2016 година.

Во годините што следеа, таа тврдеше дека само еднаш имала секс со Трамп, по што само продолжиле да се дружат, негирајќи преку својот адвокат дека имале долга афера.