ВСЕЛЕНСКАТА ОДИСЕЈА НА „ЛУЈ ВИТОН“ ЈА ЗАТВОРИ ПАРИСКАТА МОДНА НЕДЕЛА

Париз, (Ројтерс)
Guests arrive for the Louis Vuitton fashion show near the Louvre Pyramid during the Paris Fashion Week in Paris, France, October 2, 2018. REUTERS/Gonzalo Fuentes

„Луј Витон“ претстави нова колекција соодветна за патување во вселената, на крајот на Париската модна недела, во која се истакнаа футуристичи модели, ракави со волумен и мрежести фустани.

Под белите неонски цевки, моделите се движеа по специјално дизајнирана писта, поставена во дворот на музејот Лувр, додека во првиот ред седеа актерски ѕвезди, како Кејт Бланшет, Алисија Викандер и Пол Бетани.