Рачно напишано писмо од Алберт Ајнштајн за неговите размислувања за Бог, религијата и неговата потрага за нивното значење ќе се продава во Њујорк, соопшти аукциската куќа „Кристи“.
Писмото од една и пол страница ќе биде ставено на продажба на 4 декември, а „Кристи“ очекува да достигне цена од 1 до 1, 5 милиони долари.
Ајнштајн го напишал писмото една година пред да почине, во 1955 година, на германски јазик на Универзитетот Принстон, Њу Џерси, а адресирано е до германскиот филозоф Ерик Гуткинг.
„Зборот Бог за мене е ништо друго освен експресија и продукт на човековата слабост, а Библијата колекција од преподобни, но сепак примитивни легенди“, пишува физичарот, добитник на Нобелова награда.