ГЕРМАНСКАТА РАЈНСКА ФИЛХАРМОНИЈА СО КОНЦЕРТИ ВО ТЕТОВО И СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Германската Рајнска филхармонија со диригентот Десар Сулејмани на 22 и на 23 октомври ќе настапи во Тетово и Скопје.

Концертот во Тетовскиот театар ќе биде дел од фестивалот „Сцена на класична албанска музика“. Ќе бидат изведени делата Третата симфонија од Брамс, „Рапсодија во сино“ од Гершвин, како и една премиера. Влезот ќе биде слободен.

На 23 октомври, оркестарот, заедно со македонски музичари и со истата програма, ќе настапи во Македонската филхармонија во Скопје. Билетот чини 100 денари.

Концертната турнеја на Рајнската филхармонија ја организираат културното здружение „Алегрето“ од Тетово и Гете институтот од Германија.