Модната легенда Карл Лагерфелд, кралот на монохроматскиот израз, ја пренесува неговата естетика на мебелот, со прва изложба на скулптури, отворена во Столарската работилница-галерија во Париз. Изложбата содржи украсни маси, маси, лампи, огледала и фонтани.
„Парчињата го одразуваат духот на Карл Лагерфелд, неговите сила, елеганција и култура, комбинирани со страст. Оваа колекција ќе остане како уметнички тестамент на еден од највлијателните креативни умови на денешнината“, изјави Џулиен Ломбрел, коосновач на Галеријата.
Изложбата насловена „Архитектури“ е елегантна мешавина на европскиот дизајн од 18. век со модернизмот, минимализмот, антиката и со апстрактната уметност.
„Познавањата на Карл за декоративната уметност и за историјата на уметност, неговата љубов кон рачната изработка, како и неговото напреднато размислување ги прават овие дела во исто време безвремени и современи“, вели архитектот Алин Асмар д’Аман.