ПРВА РЕВИЈА НА ВЕНЕЦУЕЛСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Во Кинотеката на Македонија во 20 часот вечерва почнува првата ревија на венецуелски филм. Ревијата ја отвора „Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова, што победи на годинашниот фестивал Киненова Скопје.

На ревијата што  ќе трае до 29 октомври ќе играат 5 играни и еден анимиран филм од најновата венецуелска продукција.

Првото претставување на венецуелската кинематографија во Макеоднија ја организираат Киненова и амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Бугарија, а партнер е Кинотеката.

„Фамилија“ првата главна награда ја доби токму на Киненова 2017, а играше на неколку големи светски филмски фестивали, како Кан и Сан Себастијан.