Поп ѕвездата Леди Гага имаше спектакуларно отворање на нејзиниот престој во Лас Вегас, за време на кој се закажани повеќе од 70 концертни настани.
Триесет и двегодишната пејачка се преоблече неколку пати, дури и во нејзиното алтер-его како вонземјанин.
Пејачката претходно најави две различни серии на концерти: „Леди Гага енигма“, што ќе содржат драматични креации и настапи во нејзин препознатлив стил и „Леди Гага џез и пијано“, на коишто ќе изведува минималистички верзии на своите песни и на други поп хитови.
За нејзиниот престој во Лас Вегас, кој ќе трае до почетокот на ноември, Гага склучи договор од 100 милиони долари. Во публиката беа и нејзини пријатели, како Кејти Пери, Орландо Блум и Адам Ламберт.