„ЛАМБОРГИНИ“ ПРВПАТ ПРОДАДЕ НАД 5.000 ВОЗИЛА ВО ЕДНА ГОДИНА, ИАКО ИМА САМО ТРИ МОДЕЛИ

Милано, (Карбаз)

„Ламборгини“ објави дека имал импресивна 2018 година, откако продал 5.750 автомобили, што е пораст од цели 51% во споредба со 2017.

Ова е голем успех за компанијата која во својата понуда има само три модели, од кои еден беше претставен уште во 2011 година. „Ламборгини“ осма година по ред покажува раст на глобално ниво, а најдобар пазар му остануваат САД, кадешто лани продал 1.595 возила.

„Минатата година, ‘Ламборгини‘ влезе во две нови димензии: не само што повторно постигнавме раст, туку и ја надминавме магичната бројка од 5.000 продадени примероци во една година“, изјави извршниот шеф на компанијата Стефано Доменикали.

Иако се појави на пазарот дури на половина од годината, „Ламборгини“ успеа да продаде дури 1.761 примерок од својот прв теренец „урус“.