Канје Вест го откажал настапот на фестивалот „Коачела“, откако побарал да се изгради посебна бина само за него. Организаторите изјавија дека би било невозможно да се изведе тоа во последен момент.
Вест на 3 јануари требаше да биде најавен како една од главните ѕвезди, но два дена порано го доставил своето барање среде фестивалот да биде изградена посебна сцена. Стејџот требаше да го дизајнира неговиот соработник Џон Мекгваер, но тоа ќе значеше преместување на голем број тоалети и преуредување на фестивалската локација.
„Кога од фестивалот го известиле дека тоа е неизводливо, Вест се изнервирал, сметајќи дека уметник со таква креативна визија не би требало да губи време на дискусии за тоалети“, изјави извор за магазинот „Билборд“.
Вест претходно се пожалил дека главната бина не е доволно голема за неговиот настап, па на крајот, организаторите одлучиле да побараат друга главна ѕвезда и изборот паднал на Аријана Гранде.