Филмот со осум номинации за годинашните Оскари, „Потпретседател“ со Кристијан Бејл, од денеска игра во кината Синеплекс и Милениум.
Филмот во режија на оскаровецот Адам Мекеј го следи Дик Чејни (Бејл) низ период од педесет години, од руралниот Вајоминг, каде што работел како електричар, па сѐ до Белата куќа, станувајќи еден од најмоќните луѓе на светот и потпретседател во администрацијата на Џорџ Буш.
Сопругата на Чејни, Лин, ја игра Ејми Адамс, а во други историски улоги се Стив Карел (Доналд Рамсфелд) и Сем Роквел (Џорџ Буш).